ГРАД СКОПЈЕ ДОМАЌИН НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО ВО КОШАРКА ЗА СРЕДНИ УЧИЛИШТА

0
742

Во Град Скопје како домаќин на Европското првенство во кошарка за средни училишта, организирано од Федерацијата на училишен спорт на Македонија, учествуваа најдобрите 200 средношколци од седум европски држави, меѓу кои и најдобрите македонски тимови.

На финалните натпревари кои се одржаа денеска ги доделивме медалите за најдобрите екипи во машка и женска конкуренција. Златен медал во машка конкуренција освои екипата на нашето средно училиште на Град Скопје „Никола Карев“, која ја совлада екипата на „Бохумил Храбал“ од Чешка. Во женска конкуренција победник е екипата „Припоточни“ од Чешка.