ГРАД СКОПЈЕ : ДЕМАНТ НА ПРЕС – КОНФЕРЕНЦИЈА НА ВМРО-ДПМНЕ

0
528

Почитувани,Тоа што ВМРО -ДПМНЕ има коалиција со СДСМ не значи дека имаат право да лажат и да манипулираат со граѓаните.Градот Скопје има редовни обврски за објавување и информирање на граѓаните за сите јавни повици, огласи, тендерски и други постапки кои согласно законот задолжително се објавуваат во најмалку два печатени медиуми.

Јасно е дека ВМРО-ДПМНЕ се уште ги влече старите навики и со народните пари сака да располага во тајност.За крај, ги повикуваме ВМРО-ДПМНЕ да одговорат зошто за оваа иста постапка не реагираа и во изминатите година кога предлог буџетот го доставуваше Петре Шилегов.