Monday, December 2, 2024
3.8 C
Skopje

ГРАДСКИОТ ПАРК ВО БИТОЛА ДОБИВА МОДЕРЕН „ПАМП ТРАК“ ПОЛИГОН

Во Градскиот парк во Битола заврши изградбата на новиот „Памп трак“ полигон, модерен простор наменет за љубителите на велосипеди, скејтборди, ролери и други адреналински спортови. Патеката, која се протега на површина од 900 м², е завршена за две недели и ги исполнува највисоките стандарди за безбедност и заштита на животната средина.

Овој проект, вреден 5.216.343 денари, финансиран од општинскиот буџет, претставува значаен чекор кон збогатување на спортско-рекреативните содржини во градот. Полигонската патека нуди можности за забавно и безбедно возење, а наскоро ќе биде достапна за користење по завршувањето на техничкиот прием.

ОВАА НЕДЕЛА

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ