
Град Скопје е горд што по 18-ти пат е домаќин на Скопскиот Маратон на кој оваа година се пријавени над 8500 учесници од 47 земји низ светот. Градот Скопје покрај тоа што финансиски ја поддржува оваа голема спортска манифестација, која ги промовира градот Скопје и Македонија како спортска и туристичка дестинација, исто така овозможува и логистичка поддршка од градските јавни претпријатија со цел успешно одржување на годинешниот скопски маратон.