Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, оствари работна средба со дел од тимот Скопје2028 во врска со кандидатурата на Град Скопје за Европска престолнина на културата 2028, на која присуствуваше и Министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска.
На средбата се истакна дека Градот Скопје во Брисел ќе ги претстави планираните активности и културна програма кои се дел од кандидатурата за престижната титула Скопје Европска престолнина на културата 2028. Изготвена е детална програма со долгорочна развојна стратегија за културата, која содржи бројни податоци за Скопје, богататата историја и културно – историските споменици.
Особено важно е што со заеднички заложби на градските и националните културни установи, на Министерството за култура, Владата и скопските општини, се движиме кон нашата цел, а Скопје доби поддршка и од голем број европски градови и културни институции.