ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА АРСОВСКА ЈА ДОЧЕКА НОВАТА ГОДИНА СО ПОЖАРНИКАРИТЕ

0
393

Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска ја честита Новата 2023 година, која што објави дека ја дочекала со Бригадата за противпожарна заштита Скопје.

– Драги и почитувани пријатели, Вам и на Вашите најмили Ви посакувам година исполнета со среќа, здравје и успеси!

Новата 2023 година ја дочекавме заедно со Бригадата за противпожарна заштита Скопје и нашите пожарникари кои 365 дена во годината се грижат за сигурноста и безбедноста на сите нас, напиша Арсовска во објава на Фејсбук.