Учество на овој настан имаа градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ и тоа, Јовица Илиевски градоначалник на Општина Брвеница, Дејан Митевски градоначалник на Општина Аеродром, Александар Стојкоски градоначалник на Општина Ѓорче Петров, Орце Ѓорѓиевски градоначалник на Општина Кисела Вода, воедно и претседател на ЗЕЛС. Од коалицијата Вреди учествуваа градоначалникот на Општина Желино Блерим Сејдини, градоначалникот на Општина Гостивар, Валбон Лимани и градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу.
Градоначалниците истакнаа дека засадувањето садници не е само симболичен чин, туку јасна порака дека садиме надеж, единство и напредок против поделбите и омразата.