Под покровителство и организација на Општина Лебане, се ораганизираше тридневен настан „ Парадајс фест“.
Со оглед на тоа што општина Лебане, е прва по бројот на домати произведени во Србија, заслужува ваков настан, чија цел е промоција на земјоделскиот и туристичкиот потенцијал, како и промоција на Лебане.
„ Парадајс фест“ има културен и економски карактер. Организаторите се трудат културно-уметничката програма да биде богата со познати естрадни уметници. Преку овој настан потенцијалните купувачи се поврзуваат со локални производители на домати, како и со производители на други земјоделски производи кои се одгледуваат на територијата на општина Лебане .
Општина Кривогаштани како збратимени Општина со Општина Лебане и оваа година е поканета да присуствува на фестивалот како почесен гостин со сопствен изложбен простор. Производите кои ќе бидат изложени се од нашите локални стопанственици, како што се Кривогаштани промет, Bakaleski Promet компани и др.