KOJ CISTO NA GARAVELA PE!
Baram pod itno uste od utre site kleveti od ovaa press konferencija da se proverat od nadleznite institucii, MVR, obinitelstvo.
Jas licno i opstinata stoime na raspolaganje za site otvoreni prasanja i izneseni kleveti.
Dokolku se pokaze sprotivnoto, najavuvam licna tuzba protiv liceto Asan Ferat, no i partijata SDSM za iznesuvanje na neprovereni, netocni, i tendenziozni kleveti za diskreditiranje na opstina Shuto Orizari, ocrnuvanje na moeto ime i nanesuvanje na nepopravlivi steti na pozitivniot imidz koj go kreirame kako opstina i zaednica.
Поднесена Кривична пријава против градоначалникот на Шуто Оризари за исплати од половина милион евра без јавна набавка.
Поминаа 2 години од локалната власт во Шуто Оризаре, освен корупција, криминал, узурпација на државно земјиште, насилство и фалење со проекти од централната власт на СДСМ, злосторничкото дуо Курто и Фата ништо друго не знаат да прават.
Меѓутоа, знаат да возат скапи автомобили, да имаат приватна зоолошка градина, да купиваат скапи телефони со парите на граѓаните.
На ден 20 ноември 2023 година, поднесена е кривична пријава против Курто Дудуш до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција за сторено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овласување по член 353 од КЗ.
Имено, истиот во својство на градоначалник на општина Шуто Оризари во период од 2020 година до денес, со намери противправно да се стекне со имотна корист и да нанесе штета на буџетот на општина Шуто Оризаре, спротивно на член 40 од Законот за јавни набавки, вршел плаќање кон различни правни субјекти без да спроведе јавна набавка. Вкупен износ за ваквиот договор изнесува 29.033.405 денари, за кои требало да спроведе јавна набавка според законот. Поточно на одредени фирми им исплаќал милионски суми без спроведување на јавна набавка.