ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ТИРАНА МУ НАПРАВИ ГОЛЕМА ЧЕСТ НА НЕГОВИОТ КОЛЕГА ОД СТРУМИЦА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОСТАДИНОВ КОЈ ОД НЕГОВИОТ КОЛЕГА БЕШЕ ПРЕЧЕКАН СО СИТЕ АДЕТИ И САЛТАНАЦИ

0
184

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ТИРАНА ПРИРЕДИ ЦЕРЕМОНИЈА ЗА ФОРМАЛЕН ПРЕЧЕК НА СТРУМИЧКИОТ КОЛЕГА

Ерион Велиај со највисоки почести го пречека Костадин Костадинов во главниот град на Албанија, Тирана

Струмица/Тирана, 21.09.2022 година – Во рамките на посетата на регионалната конференција на тема „Безбедни. Зелени. Решенија за паметни градови: Ризик и можности за Западен Балкан“ (Secure. Green. Smart City Solutions: Risk & Opportunities for Western Balkans), градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов оствари формална средба со градоначалникот на Тирана, г-дин Ерион Велиај (Erion Veliaj) каде, како гостин на град Тирана беше пречекан со највисоки почести.

Во рамките на едночасовниот разговор, двајцата градоначалници меѓусебно се запознаа со реализацијата на програмите и плановите за управување со Општините и разменија искуства од тековната работа. Во таа смисла, Градоначалникот Костадинов од Тиранскиот градоначалник доби недвосмислена и безрезервна поддршка во работата и напорите кои ги вложува за град Струмица со конкретна иницијатива за споделување на добрите практики кои во изминатите години се реализираат во Тирана и даваат суштински резултати за граѓаните.

Официјалната средба продолжи во поширок формат со присуство на г-дин Арбјан Мазнику заменик градоначалник на Тирана и г-дин Александар Оџаков, секретар на Општина Струмица, каде на округла маса се дискутираше за конкретните планови на двете Општини поврзани со актуелни теми за третман на енергијата и модели за изнаоѓање соодветни решенија.