Градоначалникот на Прилеп, Јованоски со честитка по повод Рамазан Бајрам

0
85

На нашите сограѓани од исламска вероисповед им го честитам големиот муслимански празник, Рамазан Бајрам. Им посакувам празничните денови да ги минат во кругот на семејството, опкружени со среќа, љубов, радост и добро здравје.

Празникот нека биде повод за зацврстување на верата и надежта во напредокот и подобрата иднина, бидејќи взаемното почитување и славење на празниците на различните верски заедници, се столб на соживотот.

Мултиетничкиот карактер на нашата држава, богатството од различни култури и бројноста на етничките заедници, во себе носат важна порака: дека етничката и верската различност нè зближуваат и дека меѓусебното разбирање и толеранцијата, треба да бидат мост меѓу сите граѓани.