ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ПРИЛЕП, ИЛИЈА ЈОВАНОСКИ БАРА ИЗВИНУВАЊЕ ОД СТРАНА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ОД ОК ВМРО-ДПМНЕ ПЕИЛЕП, ПЕТАР РИСТЕСКИ И ДВА ЛОКАЛНИ ПОРТАЛИ ИЗВИНУВАЊЕ И ПОВЛЕКУВАЊЕ НА ИЗЈАВА ЗА ЛАГА И КЛЕВЕТА И ШИРЕЊЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ

0
507

Барање од градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски, до претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, Петар Ристески, за извинување и повлекување на изјава.

На ден 23.06.2020 година, на повеќе медиуми и интернет портали меѓу кои markukule.mk и Infokompas.com.mk, како и преку социјалните мрежи, беше пренесена изјавата на претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, Петар Ристески, во која ме обвинува дека, наводно, незаконски сум потпишал решение за одобрување на измени на основен проект во тек на изградба, на зградата наспроти поранешната фабрика „Солидност“.

Најенергично ја демантирам изнесената изјава на Ристески и, како градоначалник на општина Прилеп, тврдам дека во целата постапка околу издавање на Решението за измени во тек на градба, запазени се сите позитивни законски прописи и процедури.

Со ваквата изјава пренесена преку медиумите, со очигледна намера да наштети на мојата чест и углед, Петар Ристески изнесува невистини кои покрај тоа што штетат на мојата чест и углед, штетат и на угледот на ЕЛС Општина Прилеп, која ја претставувам во својство на градоначалник.

Како автор на искажаните невистинити тврдења, го повикувам Ристески најдоцна во рок од 48 (четириесет и осум) часа од реакцијата, јавно да ми се извини и да ја повлечи невистинитата изјава, на начин што извинувањето и повлекувањето ќе ги објави на истите места и во истиот обем.

Во спротивно, согласно Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, против Петар Ристески ќе поведам соодветна судска постапка.

Градоначалник на општина Прилеп

 Илија Јованоски