ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА СТРУМИЦА КОСТАДИН КОСТАДИНОВ ГИ НАГРАДИ НАЈДОБРИТЕ БИЗНИС ИДЕИ НА МЛАДИТЕ СТРУМИЧАНИ СО ПО 60 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ

0
694
Една од моите визии е Струмица да биде центар на младите и затоа една од првите работи со кои се зафатив беше поттикнување на младинското претприемништво со поддршка на старт-ап бизниси за млади.
Денеска го имав задоволството да им ги врачам ваучерите на младите луѓе со најдобри бизнис планови во вредност од по 60.000 денари, но и да ги слушнам нивните бизнис идеи.

На денешниот завршен настан му претходеше објавување на Јавен повик, двомесечна соодветна експертска обука за пријавените кандидати и претставување на бизнис плановите пред стручна комисија.
На најдобрите млади претприемачи им ги

честитам

наградите и и посакувам успешна реализација на нивните бизнис планови.

Ќе продолжиме да ги поттикнуваме младите со нивните бизнис идеи за да имаме економски силна Општина.
Фејсбук статус на градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов.