ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА ПРИЛЕП БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ ДЕНЕС ИЗВРШИ УВИД НА ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ

0
205

Прилеп ќе има модерно и функционално Инклузивно детско игралиште со пристапност и содржини за сите деца.

Привршуваат градежните активности околу изградбата на инклузивно детско игралиште во паркот на Могилата на непобедените.

Овој проект произлезе од сесиите на Форумите во заедницата преку проектот „Зајакнување на општинските совети-фаза 2“ каде што заедно со Советот на Општина Прилеп и учесниците на форумот заеднички одлучивме да му дадеме приоритет на предлог проектот „Изградба на инлузивно детско игралиште“ во општина Прилеп.
Општина Прилеп нема доволно детски игралишта за деца со попреченост, или тие деца често се одвоени од другите. Во инклузивно општество и во заедница која настојува да гради општество за сите, потребна е максимална грижа за сите граѓани, особено за децата со попреченост.Вкупниот буџет за реализација на овој проект изнесуваше 3 милиони и 700 илјади денари. Од нив 72% се средства обезбедени од донаторот, а 28% се средства кои ќе ги обезбеди Општина Прилеп. Реализацијата на проектот ќе заврши до крајот на овој месец.

„Зајакнување на општинските совети“ ја финансираат Embassy of Switzerland in Macedonia, Швајцарската влада и Министерство за локална самоуправа, а ја кофинансира и спроведува Програмата за развој на Обединетите нации UNDP MK во соработка со национални и локални партнери.

Програмата Форуми во заедницата се покажа како одлична алатка за демократска одлука и соработка со граѓаните, како и носење квалитетни одлуки за потребите на заедницата. Граѓаните на Прилеп навистина знаат што им треба.Главната цел на овој проект беше да се даде придонес кон обезбедување на услови за подобар психо-физички развој на децата и да се придонесе за зајакнување на социјалната инклузија која подразбира чувство на прифатеност во локалната заедница и почитување на правата и способностите на секој поединец.

Со почит, Борче Јовчески, градоначалник на општина Прилеп.