ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ ТОНИ ЗАТКОСКИ СЕ РАСФРЛА СО ЗАКАНИ ЗА ТУЖБИ НА СОВЕТНИЦИ ОД ОПОЗИЦИЈАТА ПОРАДИ ФЕЈСБУК СТАТУСИ

0
2496
Денес, градоначалникот на општина Кривогаштани, Тони Заткоски преку директен акт се обидел да ја замолчи советничката од редовите на СДСМ Дијана Ацеска. Имено, градоначалникот и доставил барање во кое бара од неа повеќе да не го именува во нејзините статуси на фб, да не го навредува, да не го клевети затоа што со тоа го нарушувала неговиот углед. Во прилог го објавуваме одговорот на советничката од редовите на СДСМ Дијана Ацеска испратен до градоначалникот на општина Кривогаштани, Тони Заткоски без никакви интервенции во него.
ДО
Г-дин ТОНИ ЗАТКОСКИ од Кривогаштани
ул.Никола Карев бр.2
Општина Кривогаштани
ВРСКА: Ваше Барање за извинување и јавно
повлекување.
И З Ј А С Н У В А Њ Е
И БАРАЊЕ ЗА ЈАВНО ИЗВИНУВАЊЕ И ЈАВНО ПОВЛЕКУВАЊЕ НА ИЗЈАВА
ОД: Дијана Ацеска од Кивогаштани,
Советник во Совет на Општина Кривогаштани.
Почитувани!
Во врска со Вашето Ваше Барање за извинување и јавно повлекување на објави сторени преку социјалната мрежа facebook кои според Вас претставувале директни и непосредни нарушувања на Вашиот углед и достоинство, Вашиот морален и професионален интегритет, подносителот на ова изјаснување Дијана Ацеска го дава следниот одговор на Вашето барање:
Во објавите кои ги цитирате освен објавата со текст во кој е споменато Вашето Име и презиме во корелација со Вашата функција Градоначалник, подносителот на ова изјаснување Ве нема именувано ниту по име ниту по презиме, истите не содржат никаква клевета, или навреда упатена на Ваше лично име и по однос на нив се прашуваме како сте успеале да се пронајдете во истите од причини што подносителот на ова изјаснување е Советник во Советот на Општина Кривогаштани и меѓу другото ја следи состојбата и во другите Општини ширум државата, па така некои нејзини статуси можеби се однесуваат на други неименувани лица-носители на јавни функции.
По однос на статусите во кои истата Ве има именувано со име и презиме, во корелација со Вашата функција како Градоначалник на Општина Кривогаштани, истата како Советник во Советот на Општина Кривогаштани смее да го искористи своето граѓанско право да дава критики на Вашето постапување на функцијата Градоначалник, истата поседува материјали и докази од кои произлегува нејзиното основано сомневање во вистинитоста на објавените статуси, за што Ве известуваме дека во најскоро време ќе бидат поведени соодветни постапки пред ОЈО Одделение за организиран криминал и корупција Скопје и пред ОЈО-Прилеп.
Со оглед на погоре наведеното, доколку сметате дека имате законски основ да поведете постапка пред надлежен суд за според Вас неосновано изнесените навреди спрема Вас, Ве охрабруваме истото да го сторите а подносителот на ова изјаснување во таа постапка ќе ги изнесе доказите и материјалите од кои произлегува основаното сомневање во вистинитоста на објавените статуси, во која постапка Вие сакале или не, ќе бидете приморани да дадете соодветно образложение како би ги побиле таквите нејзини основани сомнежи.
Воедно со ова изјаснување бараме од своја страна јавно да се извините за изнесената лажна изјава, објавена на Вашиот facebook прифил за изградената фонтана и парк во с.Врбјани во која имате објавено текст дека овој проект (фонтаната и паркот во С.Врбјани) е реализиран со 300.000,00 денари средства на Општина Кривогаштани, ова од причини што истите се подигнати без никакви средства ами со останати половни градежни материјали останати од претходните години од страна на ЈП Пелагонија Кривогаштани. Ќе морате да дадете одговор на прашањето зошто на фонтаната во центарот на О.Кривогаштани стои табла на која како инвеститор се јавува Општина Кривогаштани а изведувач Електроточила Инженеринг Прилеп а истата е направена од ЈП Пелагонија Кривогаштани, врз основа на чие овластување на зградата на ЈП Пелагонија Кривогаштани, на зградата на Основното училиште и на Општинската зграда е поставен видео надзор спротивно на Законот за заштита на личните податоци како и др.бројни и основани сомневања во противзаконитоста во Вашето постапување како Градоначалник во кое Вие имате покрај субјективна ами и објективна одговорност за евентуално превземени противзаконити дејствија од Ваша страна.
Согласно чл.8 од Законот за локалната самоуправа „ Органите на општината, комисиите на советот и јавните служби основани од општината се должни, без надоместок да ги информираат граѓаните за својата работа, како и за плановите и програмите кои се од значење за развојот на општината, на начин утврден со статутот. Општината е должна на граѓаните да им овозможи пристап кон основните информации за услугите што им ги обезбедува, на начин и под услови уредени со статутот.„
Со оглед на погоре наведените законски одредби Вие сте должни да ја информирате јавноста за својата работа што не Ви дава за право лажно да ја информирате или воопшто да не ја информирате за Вашата работа т.е за работата на Општината, кое нешто произлегува од погоре наведената Ваша лажна изјава објавена на Вашиот facebook прифил за изградената фонтана и парк во с.Врбјани во која имате објавено текст дека овој проект (фонтаната и паркот во С.Врбјани) е реализиран со 300.000,00 денари средства на Општина Кривогаштани. Од причини што оваа Ваша обврска е предвидена во Законот за локалната самоуправа а од причини што истиот упатува на примена на ЗОУП, Ве опоменуваме дека ваквото Ваше лажно информирање на јавноста е најдобриот показател за основаноста на сомневањето во Вашето законито постапување како Градоначалник.
Врз основа на сето погоре наведено, согласно Законот за граѓанска одговорност за клевета и навреда бараме во рок од 48 часа сметано од приемот на ова барање јавно да се извините за изнесените невистини на Вашиот facebook прифил за изградената фонтана и парк во с.Врбјани во која имате објавено текст дека овој проект (фонтаната и паркот во С.Врбјани) е реализиран со 300.000,00 денари средства на Општина Кривогаштани, од причини што со таквата Ваша невистинита изјава објавена на Вашиот личен facebook профил го навредувате интелектуалниот интегритет на подносителот на ова барање како Советник во Советот на Општина Кривогаштани, кој има должност да ја критикува Вашата погрешна политика и јавно да ги изнесува Вашите погрешни постапки пред граѓаните кои ја избрале како Советник во Советот на Општина Кривогаштани.
Советничката Дијана Ацеска нема да подклекне на овој притисок и понатаки ќе продолжи да го критикува и јавно прашува градоначалникот за својата работа, бидеќи како што вели таа граѓаните имаат право тоа да го знаат.
Ви прилог ви доставувамe фотографии од барањето на Тони Заткоски до Дијана Ацеска :
1234