ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА ГОСТИВАР АРБЕН ТАРАВАРИ ГО ПРЕЧЕКА ЧЕШКИОТ АМБАСАДОР ЈАРОСЛАВ ЛУДВА

0
223
Претседателот Арбен Таравари го пречека амбасадорот на Чешката Република, неговата екселенција, Јарослав Лудва.
На средбата претседателот Таравари и амбасадорот Лудва разговараа за предизвиците со кои се соочува државата, со посебен акцент на владеењето на правото, борбата против корупцијата и уставните измени.
Претседателот Арбен Таравари му се заблагодари на чешкиот амбасадор за континуираната поддршка што ја дава чешката држава како докажан партнер на земјата и во процесот на евроинтеграции.