Градоначалникот на општина Бутел Смилевски со донација од 55 компјутери и таблети за децата од неговата населба

0
822

Градоначалникот на Бутел, Велимир Смилевски подели 55 компјутери и таблети во сите основни училишта за учениците чии родители не можат да си дозволат да им ги купат. 22 таблети од донираните апарати се лична донација на Градоначалникот Смилевски а останатите апарати се во рамките на акцијата „Донирај го својот стар компјутер“.

Во денешната акција поделени беа и пакети со храна за истите овие дечиња и нивните семејства. Општина Бутел продолжува во и наредните денови со распределбата на донираните персонални компјутери преку училиштата кои ги има на својата територија, а ќе бидат наменети за децата од семејствата со загрозен социјален статус и семејства од руралните средини, се вели во соопштението.