Семејството е основа на секое општество, дом, едукација, темел, модел, сигурност за иднините граѓани на нашата земја. Загрозувањето на семејството со стварање страв и несигурност со цел да се прати политичка порака е по дефиниција акт на тероризам.
Фросина (Frosina Remenski) и Јовче (SF SN Remenski) се пред се родители и граѓани чија безбедност, а особено на нивните малолетни деца, не смее да биде загрозена, не зависно кои се нивните професии и какви политички несогласувања имаат со било кого.
Поддршка за семејството Ременски и сите останати семејства кои деновиве организирано од еден центар беа изложени на психолошко малтретирање и материјална штета.
За сите кои учествувате во овие благо кажано хајки, да знаете дека одите по тенка линија на кривични дела поврзани со тероризам и дека ниедна патриотска причина не може да биде оправдување и олеснителна околност откако ќе се изврши кривичното дело.
Впрочем се кладам дека после првиот посериозен инцидент баш организаторот ќе каже: “кој го прекршил законот, да одговара”.
Звучи познато, а?