Градоначалникот Латиновски се појавил на протестите во Бутел, но кога му понудиле да застане на чело на групата ХРАБРО ЈА СПРАШТИЛ!

0
521

Поголема група претежно млади Македонци, неколку часа беше на 500 метра од местото каде што од вчера кампуваат ДУИ со барање да се поништи одлуката за поставување 55 метарски крст во Бутел. Полицијата која е со комплетна опрема не им дозволувала да се судрат со камперите на Али Ахмети.

Пред извесно време според присутен од грпата, меѓу нив се појавил и градоначалникот на Бутел, Петре Латиновски, но наишол на остри критики дека тој носи голема вина Бутел да се најде во ваква состојба. На инсистирањето да застане лично тој на чело на групата и да тргнат на местото каде што во саботата и тој беше меѓу поставувачите на темелите на крстот, Латиновски, како што тврдат изворите на Либертас, си заминал.  Претходно тој го повика министерот Спасовски да го растурел кампот на ДУИ.