Градоначалникот Георгиевски донираше 10 таблети, општина Гази Баба овозможува еднаков и квалитетен образовен систем за секое дете

0
937

Градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски донираше 10 таблети за децата од ранливите категории. Со ова, тој преку личен пример ја започна акцијата за обезбедување на технички средства за учениците од основните училишта од Гази Баба кои немаат можност за следење на онлајн наставата.

Само неколку дена по јавниот апел на општина Гази Баба, на телефонските броеви на општината веќе се јавија голем број компании кои изразија интерес да се вклучат во оваа општествено – одговорна активност и да помогнат на што повеќе деца.

Целта е со заеднички напори да овозможиме еднаква можност и квалитетно образование за секој ученик, а со тоа и надминување на предизвиците од минатата учебна година, кога дел од учениците не беа во можност да набават технички уред или кога во исто време настава требаше да следат две или повеќе деца од исто семејство.

На почетокот на овој месец, за остварување на оваа цел, општина Гази Баба започна и постапка за набавка на 350 таблети. Од нив, 250 се набавуваат со средства на општината, а 100 таблети со прераспределба на дотации од Министерството за образование и наука, кои се заштедија поради немањето на физичка настава во училиштата.

Секое дете има еднакво право на квалитетно образование, а општина Гази Баба и во иднина ќе ги вложува сите напори и ресурси со цел тоа да биде овозможено!