Градоначалникот на Општина Гостивар, Валбон Лимани, денеска пушти во употреба уште една улица, односно улицата „Маја Угринова“, улица паралелна со железничката линија во градот. Градоначалникот Лимани истакна дека овој проект чинел околу 4.9 милиони денари и опфаќа должина од околу 350 метри.
„Излеговме тука по завршувањето на работите на улицата ‘Мара Угринова’ во должина од 350 метри, проект кој чинеше околу 4.9 милиони денари. Ова е еден од проектите кои ги имавме планирано и кој веќе е реализиран. Ќе продолжиме со реализација и на другите проекти како што најавивме, верувам дека овој проект многу ќе и помогне на оваа населба“, изјави Лимани.
Градоначалникот Лимани исто така нагласи дека работите од населбата Малeарди до мостот кај судот ќе започнат оваа недела, а многу скоро се очекува да започне и асфалтирањето на улицата Беличица.