ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА ПРИЛЕП БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ АСФАЛТИРА КРАК ОД УЛИЦАТА,,ЈОСКА ЈОРДАНОСКИ”

0
347

Градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески денеска изврши увид во градежните активности околу асфалтирање на крак од улицата „Јоска Јорданоски“, спроти старата општинска зграда. Наредните денови по завршување со градежни активности на оваа улица ќе се работи улицата„Браќа Ламески“ и дел од „Киро Пајмакоски“.

„Деновиве се започна со реконструкција и рехабилитација на крак од улица „Јоска Јорданоски“, „Киро Пајмакоски„ и „Браќа Ламески“ во должина од 400 метри. Во најскоро време пред снеговите очекуваме дека во функција и сообраќај ќе бидат пуштени улиците од овој дел на градот“, истакна градоначалникот Јовчески.

Вкупната површина на која ќе се постави нов асфалтен слој е 960 м2. На оваа фаза и предходеле зафати околу нивелирање на шахтите. Реконструкцијата и рехабилитацијата на сообраќајниците ќе трае се додека дозволуваат временските услови.  Со реализацијата на овој инфраструктурен зафат значително ќе се подобрат  условите за  одвивањето на сообраќајот во овој дел  од централното подрачје на градот.