ГРАДЕЖНА ОФАНЗИВА ВО ГАЗИ БАБА : СЕ ГРАДИ ЛОКАЛЕН ПАТ ВО ДОЛЖИНА ОД 1100 МЕТРИ

0
571

Општина Гази Баба во соработка со Владата значително ги подобрува условите за живот во руралните средини. Ставаме акцент на патната инфраструктура во повеќе населени места.

Денеска заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој, Николче Бабовски и со заменик – министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Благе Цветковиќ, направивме увид на реконструкцијата на регионалниот пат Раштак – Бутел во должина од 5 километри која опфаќа и проширување на патот, како и изградба на потпорен ѕид.

Жителите на Раштак добиваат пат кој ќе им овозможи безбедно и ефикасно поврзување со општина Бутел.
Овој инфраструктурен проект е трет што во овој период го започнавме заедно со Владата, преку средства од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и чини 11,9 милиони денари.

На терен веќе започнавме со изградба на локалниот пат од ООУ “Наум Охридски” до викенд населбата во Булачани во должина од 1100 метри, како и патот од манастир Св. Илија до населеното место Виниче во должина од 2 км.
За овие три капитални проекти обезбедивме средства во висина од 40 милиони денари.