ГРАДЕЖНАТА ОФАНЗИВА НА СУГАРЕ И КИТАНОВ НЕ ЗНАЕ ЗА ОДМОР : Пелагонскиот регион добива нов автопат и експресни патишта

0
1159

Инвестираме 1, 5 милиони евра за рехабилитација на оштетениот дел на патниот правец од Градско до Прилеп, поточно делницата од Дреново до Фариш со што ја зголемуваме безбедноста во сообраќајот и овозможуваме побрза конекција со Пелагонискиот регион, истакана министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

Тој заедно со диркторот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов и градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски, денеска извршија увид во рехабилитација на магистралниот пат Дреново – Фариш. Рехабилитацијата е започната во ноември минатата година, ќе се опфатат 9,1 километри со ширина на патот од 6,7 метри.

“ Овој патен правец е најзначаен овде во регионот бидејќи ова е главната врска што ги поврзува жителите на Прилеп и Пелагонскиот регион со Централниот и Источниот дел од земјата и затоа мораме се до изградбата на експресниот пат, оваа делница да биде безбедна за сообраќај и да биде реконструирана по сите стандарди.

Граѓаните од цел регион заслужуваат да имаат добри сообраќајни врски, да имаат побрз транспорт на стоката и побрза комуникација  со остатокот на земјата.  Друга работа што сакам да потенцирам е дека и делот од Фариш до Прилеп ќе се рехабилитира околу 19 километри, ЈПДП кон крај на месец март или април ќе го обајви тендерот, така да ќе имаме реконструкција на целата патна врска до Прилеп”, изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.  

Министерот Сугарески потецираше дека преку проектот за локални патишта, на општина Прилеп и се доделени 1, 2 милиони евра за санација и изградба на улици во општината.

Директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов очекува рехабилитацијата на овој патен правец да заврши до крај на овој месец.

“Прилеп ќе добие два патни правци, овој што сега го рехабилитираме и експресниот пат.  Ова е прва фаза и очекувам до крај на март да биде готов, а кон крајот на март ќе излезе тендер за целосна рехабилитација на делот од Фариш до Прилеп и ако не послужат временските услови тоа ќе се заврши до крај на годината или следната година ова време.  Во делот на Прилеп исто така се работи и за патот кон Мариово и други помали делници. Во меѓувреме дадена е проектна задача на Градежниот факултет за изградба на автопатско решение од Прилеп до Битола” изјави Зоран Китанов, директор на ЈП за државни патишта.

Китанов потенцира дека во тек е изработка на тендерска документација која ќе биде објавена во април за доизградба на експресниот пат од Фариш до Дреново за што арбитражата е во тек и незвисно од нејзе, патот ќе се доизгради. Исто така додаде дека во месец јуни завршува проектирањето за експресен пат од Битола до Меџитлија, а активно се работи и на рехабилитација на стариот пат од Прилеп до Битола.

За градоначалникот на Прилеп, ова е значајна инвестиција бидејќи со рехабилитација на овој пат ќе се реши безбедносниот апсект на оваа делница. Тој додаде дека општината ги завршила сите тендери за реконструкција на улиците во Прилеп за околу 20 километри и во наредниот период истите ќе бидат рехабилитирани.