ГО ОТЕПА – Георгиевски: Заборави ли Антонио Милошоски дека во првото ВМРО се декларираше за чист Бугарин

0
4861

Кога зборуваме за договорот со Бугарија јасно мораме да кажеме дека ако не беше моронската политика на Владата на ВМРО-ДПМНЕ према истата држава, воопшто немаше ни да има потреба за таков договор. Како што да не беше антиквизацијата веќе одамна со ФИРОМ ќе бевме во НАТО.

Читајќи ја најновата дпмнеовска хистерија против договорот за добрососедство не можам да се изначудам каков историски анафалбитизам постои во раководството на оваа партија.

Колку силна пројугословенска идеологија ја има заробено мојата бивша партија? Колку лицемерие демонстрираат одредени луѓе?

Антонио Милошоски фронтменот на оваа операција заборавил ли дека во првото ВМРО неговата единствена вредност беше што се декларираше за чист Бугарин.

ВМРО-ДПМНЕ се претвора во комплетна идеолошка карикатура.

Љубчо Георгиевски