Гојко Јаковлески: Никола Груевски нека си оди од партијата што ја основавме со Драган Богдановски!

0
1133

Јаковлески е македонски емигрант во Германија, кој бил домаќин на луѓето што во почетокот на деведесеттите години на минатиот век го основаа и го формираа ВМРО-ДПМНЕ, како и главен финансиер на почетните партиски активности. Во интервју за „Фокус“, тој открива интересни детали за својот престој и ангажман во Берлин, за првите чекори на моментално најголемата владејачка партија, како и за денешните случувања во земјава. За главен „татко“ на партијата го смета Драган Богдановски, и покрај тоа што попуштил пред притисокот на тогашната југословенска тајна служба. Тој, според него, е автор на програмата, кум на името, но и творец на лидерот Љубчо Георгиевски. Не штеди критики кон премиерот Никола Груевски бидејќи неговото недемократско владеење ја прави Македонија еднопартиска држава. Во насока на обединување на Македонците, неодамна јавно побара слобода за Љубе Бошкоски.

Текстот е објавен на 29-ти ноември 2013-та година во неделникот „Фокус“ во бројот 947

 

Разговарал

Влатко СТОЈАНОВСКИ

ФОКУС: Многу години работевте и живеевте во Берлин. Како се случи да заминете таму?

ЈАКОВЛЕСКИ: Видете, јас сум роден во 1935 година. До седумгодишна возраст живеев во родното село Зубовце. Во виорот на Втората светска војна дојде стрико ми, кој живееше во Софија, каде што имаше своја фурна и слаткарница. Тој ме зеде со себе за да можам да се школувам. Таму останав сѐ до завршување гимназија, до 1955 година.
Се вратив во Македонија и сакав да учам технички, па медицински факултет, ама не добив стипендија, па се запишав на Шумарскиот факултет. Четири години студирав на Шумарски и на крајот дојде опција да заминам за Германија. Тито почна да се отвора кон Запад и имаше размена на студенти, а бидејќи само јас знаев германски − учев 4 години во Софија − заминав како добар студент, иако не бев член на Комунистичката партија.

Прво поминав тримесечна практика во фабрика за преработка на дрва, па се префрлив во Минхен, зедов стан и почнав да работам во институт за преработка на дрво, да одредувам шумарски единици. Тогаш се интересирав дали шумарски факултет можам да завршам во Германија. Меѓутоа, ми беше речено дека џабе ќе го завршувам зашто шумата е државна институција и нема да можам да работам во шумско стопанство. Тогаш, јас во Минхен размислував што да правам.

Целото итнервју ОВДЕ