Гошев: Груевски ја направи последната фатална грешка

0
775

Петар Гошев во изјава за НОВА за случајот „Пуч“ и за обраќањето на премиерот Никола Груевски кон нацијата по повод наводната соработка на опозицискиот лидер Зоран Заев со странските тајни служби.

gosev-540x300

Ѕверот целосно ја отвори челуста за да проголта сѐ што му стои на патот. Суштеството што повеќе од 10 години глуми реформатор, верник, институционалист, голем Македонец, патриот – товарејки му огромни долгови на грбот на тој народ што 24/7 го „џвака“ во неговата лажлива, лицемерна и ненаситна уста – исправен пред падот на прескапата завеса, ја направи, се надевам, последната фатална грешка, вака искусниот политичар Петар Гошев за НОВА ги коментира вчерашните потези на премиерот Никола Груевски и на власта во врска со полицискиот случај „Пуч“ во кој главната цел се опозицискиот лидер Зоран Заев и неговите компромитирачки материјали за властодршците.

Гошев вели дека вчера премиерот Груевски и на најнеинформираните и на најглупавите на јавна сцена им признал дека најгрубите диктаторски инструменти му се единственото средство за одложување на обелоденувањето на големите криминални акти – од материјална и oд политичка природа – извршени за време на неговиот премиерски мандат. Toj потенцира дека токму премиерот веќе одамна извршил пуч врз Уставот и ја суспендирал демократијта.

– Всушност пред нас имавме една бедна креатура, која одамна го изврши пучот врз Уставот и суспендирањето на демократијата, која со милијарди евра натоварен долг на грбот на народот, што многу го сака, 10 години остварува невидена политичка корупција, купува и поткупува неотпорни совести и очајници во општеството, за да ни каже, уште еднаш, бесрамно, дека некој друг сака да изврши пуч врз уставниот поредок, дека некој друг уценува, во системот на перманентни уцени што самиот го изгради. Бедно и бесрамно, смета Гошев.

Повеќе од текстот на НОВА.