Александар Гочев, активист во Шарената револуција, на својот Фејсбук профил објави дека треба да плати казна од 100 евра за фрлањето боја врз Собранието на Република Македонија.
– МВР ми испрати благодарница за Шарена Револуција во вредност од 100 евра, доста беа честитки, напиша Гочев над фотографиите од решението за казна.
Според решението на МВР, Гочев се казнува со глоба од 100 евра бидејќи фрлал балони наполнети со боја на фасадата од зградата на Собранието на РМ.