Гоца Бркла заглави до гуша во ЛАЈНА за мерџото на Грујо од 600.000 евриња – Јанкуловска на распит во СЈО

0
1606

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, придружувана од нејзиниот адвокат, Никола Додевски, денеска во 10 часот дојде на распит во СЈО, јави Алсат-М.

Засега останува непознато за кој случај поранешната шефица на полицијата ќе дава исказ пред тимот на Јанева. Инаку, Јанкуловска е под истрага за неколку случаи на СЈО.

Претходно дел од медиумите јавија дека членови на ВМРО-ДПМНЕ кои донирале средства за ВМРО-ДПМНЕ сведочеле дека биле сослушувани од Специјалното јавно обвинителство (СЈО) во врска со донациите кои ги дале за партијата за изборите во 2014 година. Притоа се шпекулира со бројка од 1.000 до 1.500 испитани лица.

Од СЈО не ги коментираат ваквите информации.