ГОТОВО Е!!! ОДИ СИ!!!

0
766

Невидена хипокризија, пастирот е убеден но и удавен во сопствените лаги…
Премиере не само што доживуваш фатаморгана, халуцинираш секојдневно и се обидуваш повторно да ја убедиш јавноста дека си чист.

Maksim
Па и најмалите деца во државава видоа дека овчарот многу одамна се претвори во волк…
Кого тоа прашуваш јавно да си признае дека погрешил, народот???
Па ти внесе страв во секој дом, тепаш граѓани, затвараш неистомисленици, уценуваш и злоупотребуваш, се осветуваш и го подели народот на патриоти и предавници. Кој тоа јавно самиот на себеси да си признае дека гласал за Вас, истиот тој кој што го имате ставено во вашата датотека, тој на кој што му ги имате сите лични податоци почнувајќи од неговиот социоекономски па завршувајќи до семеен статус, тој на кој што му се јавувавте на денот на избори по неколку пати за да ги примените вашите методи на убедување а на крајот го поздравувате со вашиот слоган “сите во ендек”…


Од гордиот и истраен Македонец создаде уплашен и зависен човек кој што се дави во сопствениот страв, себично затворен во сопствениот дом опкружен со проблеми… Раскара брата со брат, егоизмот и зависта станаа нешто нормално но најбитно беше да добиваш избори, да владееш и да креираш Потемкини села кои што му ги продаваш на тој истиот граѓанин преку твоите мегафони… Од граѓанинот создаде модерен роб кој работи за 150 еур месечно додека ти трошиш на твоите роуд шоа за една пијачка повеќе…

Му вети 2006та дека ќе му бидеш народен слуга а во 100 чекори сите ги направи слуги на преродбата…
Менталниот склоп им го променивте но за среќа не успеавте на сите, останаа неколку плави точки на картата Македонска од кај што се разгоре борбата за слободата и демократијата…

‪#‎ВистинатаЗаМакедонија‬ излегува од ден во ден, тој истиот Зоран Заев за кој што ти велиш дека јаде живи луѓе, точно е, допрва ќе ги јаде но таквите ко тебе, таквите кои што ја пеплосаа оваа држава…
Свести се време ти е, сврти се околу тебе, излези и прошетај сам, погледни го нашето секојдневие и човечињата како се водат за рака ко хипнотизирани, ГОТОВО Е!!! ОДИ СИ!!!

Максим Димитриевски – авторот е член на ИО од СДСМ