ГОТОВО Е! ЛЕКАРИТЕ ВО ВУХАН ГО ПОБЕДИЈА КОРОНА ВИРУСОТ, МАСКИТЕ СЕ ВАДАТ!

0
450

Последните две привремени болници во Вухан, епицентарот на епидемијата на коронавирусот, вчера и официјално беа затворени.

Тоа значи дека кинеските власти ги затворија сите 16 привремени болници за заболените од коронавирусот во тој град во провинцијата Хубеи. Вкупно 49 пациенти излегоа од привремената болница во вторник околу 15:30 часот.

На социјалните мрежи се појави видео на кое може да се види како докторите го одбележуваат моментот кога се затвора последната привремена болница.

Тие еден по еден со насмевки на лицето ги вадеа заштитните маски, а некои и мафтаа кон камерата.

Кинеските власти ги преуредија јавните објекти како што се изложбените центри и спортски сали во 16 привремени болници. Тие служеа за изолација и лекување на пациентите заболени од коронавирусот. Во таквите центри лекарска помош добија 12 илјади луѓе.