Господо македонски генерали знаете ли вие што е тоа совест, образ, свечена обврска?

0
803

Веќе не ги бројам колку денови поминаа од обелоденувањето на големата и за светски рамки мега афера со прислушкувањето ни помалку туку еден цел град од граѓани на Република Македонија, или со бројки 20 илјади души.

vojska-arm

Од првите сопштенија од владата на ДПМНЕ ни беше кажано дека се припремал пуч тоа значи дека дел од вашите колеги заедно со предавниците спремале смена на Вас самите. Штом пукна првата бомба Вие господо генерали Вие се повлековте во бункерот на Водно и од таму со вашиот Врховен командант ја гледате нерамноправната борба 1 на према 10 и се восхитувате на секој напад на вашите газди. Пукна 2, 3, 4 и така до 12-та бомба а вие сеуште се наоѓате во Бункерот на Водно и само во мрак слегувате да ги погледнете ранетите и загинатите на сеопштонароднит фронт за демократска Македонија но не со цел да им помогнете него да ги сатанизирате дека така треба да биде со сите оние кои не се послушни на пастирот. Сите се тресете и се закривате што го немаше 10-дена на ТВ екраните Путина но не се загриживте за вашиот командант кој се нарекува председател на Р. Македонија што го нема со месеци да јавно каже дали имало медѓу вас пучисти и кои биле Што сакале да ја предадат земјата на клетите западни шпиуни.

Господо Генерали кога веќе не се осмелува вашиот врховен командант охрабрете се Вие, секоја криза радѓа нови херои па токму од вас некој ќе биде и нов херој на демократска Македонија Зашто Молчите ?

Дали се сеќавате на обрската што ја дадовте? Дали не рековте дека ќе ја браните државата и уставот? До кога ќе ќутите и до кога ќе дозволувате да ве понижуваат Вас а потоа и сите граѓани на Република Македонија? Дали платите ви се толку големи поголеми од вашата чест поточно од офицерската чест ако нешто останало од тоа? Дали вашите материјални примања се поголеми од љубовта према татковината пред вас да се разграбува се што со векови се творело?

Ајде генерали, Македонија да ја сакаме со срце малку поинаку не го досега да ја сакаме со економски национализам, да ја сакаме со правда и вистина, да ја сакаме еколошки, да ја сакаме со негување на соживот и толеранција со сите граѓани на Република Македонија да нема мали и големи да бидеме сите исти, да ја сакаме со професионален однос кон својата работа. Вашето молчење ја доведува во прашање вашата чест,морал стручност а да не зборуваме за демократската определба. Со вашето молчење вие директно пукате во голораките граѓани на Република Македонија имајте став немајте страв.

Гоподода генерали сепак ова не е Турска а Груевски не е Ердоган така и ова ќе помине а ќе остане вашето молчење запамтено во истотијата. Како и да е ќе се заврши оваа криза во Македонија вие ќе бидете најголеми губитници како и до сега. Господа генерали не се понаШајте како да сте во музеј И едвај чекате да го поставите првото прашање каде се наоѓа тоалетот. Дигнете го гласот моќен не сте дел од проблемот ама сте дел од решението и затоа не молчите.

Немате легитимен началинк на ГШ немате командант кој е респектиран тоа не вие е ли сигнал дека оваа влада ве проверува до 7 колено наназад дали сте за нив и по нивен вкус вие сте во некое тефтерче само бројчиња нели се уверивте во тоа и конечно во наредните бомби сигурно некој од вас ќе си го чуе името свое. Сведоци сте на секој ден безочно кршење на уставот на Р. Македонија не мора да ги слушате политичарите ако се вовлечени во криминал бидете генерали достојни на вашите синови ризикувајете некоја ѕведа И имајте доблест, имајте став за се што се случува одважете се проговорете натерајте го вашиот командант да ве заштити не е не поштено да се има став па заземете и страна И тоа е подобро од наведнувањето на главата каде што секој нареден ќе ја гмечи.

Борејќи се за демократска Македонија вие се борите са својот народ за сите граѓани на Р. Македонија за својата генералска гордост за својот статус бидете сигурни не се борите против ниедна влада да падне тука се борите вистината да излезе на виделина колку била таа сурова. Вратете си го достојанството некогаш беше чест да се биде генерал нема никој да се избори за вас сепак потребни И сте на Македонија ама како генерали достојни на чинот не партсики послушници. И за крај кога ќе се пробудите од Букерот на Водно да не биде и полседното ваше прашање кој го исклучи светлото.

Поздрав

М-р Душан Андовски, поранешен мајор