ГОРДАН ШУТАРОВ : МИЦКОСКИ И КАДРИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ ДА СЕДНАТ И ДА ГО РЕШАТ ХАОСОТ СО ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ

0
220

Изјава за медиуми, Гордан Шутаров, советник во Советот на Град Скопје.

Хаосот во Скопје кој го создаде ВМРО-ДПМНЕ не може да се реши со делумно повлекување на блокадите.

Колапсот на јавниот превоз во Скопје е резултат на неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ, нивната градоначалничка и кавгите за тендери и провизии.

Стотици илјади граѓани на Скопје трпат директни штети поради кавгата на Мицкоски со Арсовска.
Градоначалничката, претседателот на Советот, мнозинството во Советот на Град Скопје, директорите и членовите на управните одбори на јавните претпријатија во Скопје сите се кадри на ВМРО-ДПМНЕ.

Сите овие освен што се поврзани со ВМРО-ДПМНЕ имаат обврска да седнат и да најдат решение за проблемот со јавниот превоз.

СДСМ ги повикува да седнат, да работат, да најдат решение за проблемот што го создадоа и да го ослободат и Скопје, но и државата од блокади и хаос.