Гордана Јанкуловска е спроведена во затворот Идризово, осудена четири години затвор за аферата Тенк

0
228

По пресудата на Врховниот суд , надлежниот судија издал налог за нејзино спроведување во затворот Идризово.

Пред десет дена преку писмено соопштение Врховниот суд информира дека се донесени одлуки според кои се одбиени жалбите поднесени од страна на осудените Никола Груевски, Гордана Јанкуловска и Ѓоко Поповски во предметот „Тенк“ и ја потврдиле правосилната пресуда за предметот донесена од страна на Апелацискиот суд.

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, во октомври 2018 е осудена на шест години затвор од страна на судот во случајот „Тенк“ за набавката на блиндираниот Мерцедес.

Судија за извршување санкции во Основниот суд Скопје 1 во март годинава решение да го одложи почетокот на извршувањето на затворската казна на ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, осудена за незаконската набавка на луксузниот Мерцедес по желба и нарачка од нејзиниот поранешен шеф и премиер Никола Груевски. Причината за одложувањето е што таа има дете под едногодишна возраст.

„Пресудата на Апелациониот суд, со која делумно се уважува жалбата на Г. Ј. на начин што се преиначува само во делот на казната, веднаш е распоредена кај судија за извршување санкции. Постапувајќи по барање на обвинетата, судијата донесе решение со кое се одобрува одложување на извршувањето на санкцијата, до 01. 07. 2019 година, заради чување на дете“, соопшти Основниот суд Скопје 1.

На 28 март 2019, Апелациониот суд Скопје ѝ ја намали затворската казна на Јанкулоска од 6 на 4 години.

Извор: Канал 5