Во пресрет на празниците, за побогата трпеза, семејството Мирчевски доби хуманитарна помош составена од прехранбени продукти и новогодишно пакетче за нивната штитеничка, но ја искористивме посетата да се запознаеме со условите и поддршката што ја добива ова семејство од државата, но и го го информиравме семејството и за новата социјална услуга која од 2023 година ја воведува Општина Делчево, а се однесува за еднократна парична помош за згрижувачко семејство во Делчево во износ од 10.000 денари.
Згрижувањето деца без родители и родителска грижа е хуманост која ја заслужува нашата почит и поддршка и затоа годинешната хуманитарна акција ја започнуваме од ова семејство. Како Општина, ги користиме ресурсите да помогнеме на овие семејства во нивната хумана мисија и со мало внимание и помош да им посакаме среќни празници. Во оваа прилика ги повикувам и општествено одговорните фирми во Делчево да им помагаат на овие семејства, за да се овозможат услови за среќно детство на сите деца.
Традиционално по повод новогодишните празници со поддршка на Компанијата „Зегин“ доделивме и хуманитарни пакети. Пакетите се дистрибуирани во ОО на Здружението на пезнионерите во Делчево, црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Делчево, како и до Џамискиот одбор на градската џамија „Султан Мехмед Фатих ıı“, каде одговорните лица ќе ги распределат пакетите до своите верници на кои оваа помош им е непоходна и добредојдена. Целта на хуманитарната акција е да се обезбеди побогата празнична трпеза и да се помогне на семејствата достоинствено да ги прослават новогодишните празници и да се покаже на дело дека никој не е заборавен.