Горан Трајковски директорот на УЈП му помага на Латас како да си ја спаси неговата фирма заглавена во долгови

0
1004

Разговор помеѓу Драган Павловиќ Латас и Горан Трајковски 

goran-trajkovski

ДПЛ: Ме забораи?

ГТ: Не не те забораив ама еве искачам брзам на родителска и јеби га тоа е…

ДПЛ: Нишо на кратко дур одиш…

ГТ: Значи вака сега за да не губиме време. Да појде адвокатката да поднесе барање на репрограм и ќе се напраи репрограм на тие стари обврски по пријави што се, некаде околу милион денари

ДПЛ: Да, ама ги неаме тие ама и неосновани ми се, тоа е проблем…

ГТ: Е па види сеа без разлика во репрограм и ќе се види кој ќе се прифати на репрограмот…

Разговор помеѓу Драган Павловиќ Латас и Горан Трајковски

ГТ: Вика може да дојде да поднесе барање за репрограм ние ќе го прифатиме и ќе донесеме барање за репрограм дека еве некојси го прифаќа тој долг да го подмирува во следните 36 месеца, во моментот кога тоа решение ние ќе го огласиме за дека е во правен промет…

ДПЛ: Така…

ГТ: Ја издаваме потврдата и тотал си се брише пред централен регистар и викам шо добијаме со тоа ако е вика приоритет тотал да оди во ликвидација тотал нека оди во ликвидација а после имаме едно безимено прашање чисто сметководствено дали се милион или се 100 илјади, дали требале да се платат или не требале да се платат али не ги у… со правно лице…

ДПЛ: Добро сега овака… Да напраиме некоја идеја пошо јас и со нашиве ваму коа зборам знам до кај смеам да зборам иначе ќе речат овој сака да ќари на нас, знаеш малце не пријатна ми е ситуацијата…ии некако да напраи, еве да напраиме и репрограм али да го сведе испод 600 илјади еве да биде 594 илјади, ме разбираш?

ГТ: Доброо…

ДПЛ:… некако нека мисли таму и ќе земам јас фирма шо ќе го напраи репрограм па после ние ќе се тужиме по судови дали е волку дали е толку

ГТ: Добро добро тоа утре ко ќе ми…

ДПЛ: Али да го напраиме утре

ГТ:…коа ќе ми дојдат потврдите јас ќе ти јавам, јас сум утре до 2 ипол на работа, после сум ка Никола

ДПЛ: Ти глеј значи од сабајле пред…

ГТ: Ќе глеам од сабајле да го фатам до кај 11 ипол 12

ДПЛ: Значи прво да го напраи тој репрограм на помалце од 600 илјади а после ја ќе видам…ќе зборам со овие па ќе видиме како..

ГТ: Доброо, барај ме ти мене утре околу 12 во секој случај

ДПЛ: Важии…

ГТ: Ајде

ДПЛ: Ајде чао…