ГОРАН СУГАРЕСКИ : ПЕТ ПРОЕКТИ И РЕШЕНИЈА НА КЛУЧНИ ПРОБЛЕМИ ЗА ГРАД ПРИЛЕП

0
529

✔Доизградба и комплетно уредување на Градска река, во деловите каде тоа досега не е направено.

✔Ново минор и мајор корито ќе се гради на потегот од печатницата „Слово“, до вкрстувањето на речното корито со улицата „Јоска Јорданоски“, каде е предвидена изградба на мост за моторни возила.

✔Се уредува коритото на Градска река во делот од населбата „Димо Наредникот“, до населбата „Сточен пазар“.

✔Имаме решение и за Дабнички канал. Го решаваме проблемот со делумно изграденото речно корито, кое ќе биде целосно исчистено од дивата неурбанизирана вегетација.

✔Ќе изградиме заштитен ѕид на кејот, кој ќе биде хортикултурно уреден со урбана опрема, канделабри и содржини корисни за локалното население.

#НајдобротоЗаПрилеп

#Заокружи12

Фејсбук статус на кандидатот за градоначалник на Општина Прилеп, Горан Сугарески.