ГОРАН СУГАРЕСКИ : НУДАМ НОВИ СООБРАЌАЈНИ РЕШЕНИЈА ЗА ВЛЕЗОВИТЕ ВО ГРАДОТ, РЕВИТАЛИЗАЦИЈА НА УРБАНИСТИЧКИ И ИНДУСТРИСКИ ЗОНИ КАКО И НОВ ГЕНЕРАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН СО НОВИ БУЛЕВАРИ И КРУЖНИ ТЕКОВИ

0
322
Новите булевари и кружни текови, новите сообраќајни решенија за влезовите во градот, ревитализацијата и урбанизацијата на индустриските зони, како и донесувањето на новиот Генерален урбанистички план, се дел од проектите со кои ќе ги подобриме условите за работа на бизнис секторот.

Прилепските стопанственици, во подобрен деловен амбиент ќе можат да ги планираат своите долгорочни инвестициски циклуси, кои ќе донесат нови производствени капацитети, нови инвестиции.

Овие проекти од мојата изборна програма, на кои ќе го потпреме планскиот развој на Општина Прилеп за наредните 10 години, беа тема на денешниот разговор со менаџментот на компанијата „Арини Фешн“ .

#Заокружи12

Фејсбук статус на кандидатот на СДСМ за Општина Прилеп, Горан Сугарески.