ГОРАН СУГАРЕСКИ : ДЕНЕС ОСТВАРИВ СРЕДБА СО ПРИЛЕПСКИТЕ СТОПАНСТВЕНИЦИ КАДЕ РАЗГОВАРАВМЕ ЗА НИВНИТЕ ПРОБЛЕМИ СО КОИ СЕ СООЧУВААТ НО И ЗА КОНКРЕТНИ ПРЕДЛОЗИ И РЕШЕНИЈА ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА БИЗНИС КЛИМАТА ВО ГРАДОТ

0
283

Еден од столбовите на мојата изборна Програма е локалниот економски развој.

Подобрувањето на условите за работа на главниот партнер на локалната самоуправа, бизнис заедницата, беше главната тема на која денеска разговаравме со прилепските стопанственици.

На средбата беа потенцирани главните проблеми со кои се соочуваат прилепските компании.

Разговаравме и за конкретни предлози и решенија кои значително ќе ја подобрат климата за нивно успешно функционирање, за проширување на постојните и отворање нови стопански капацитети.

#НајдобротоЗаПрилеп12

Фејсбук статус на кандидатот за градоначалник на Општина Прилеп од СДСМ, Горан Сугарески.