ГОРАН СУГАРЕСКИ : ГИ ПОВИКУВАМ И ОХРАБРУВАМ ДОМАШНИТЕ СТОПАНСТВЕНИЦИ ДА ПРОДОЛЖАТ ДА ИНВЕСТИРААТ ВО ПРИВАТЕН БИЗНИС КАКО ШТО ИНВЕСТИРА СЕМЕЈНАТА КРАВАРСКА ФАРМА ,,МИЛКО ХФ” БИДЕЈЌИ УСПЕШНАТА ПРИКАЗНА НА СЕМЕЈСТВОТО НЕБРЕЖАНЕЦ Е ДОКАЗ ДЕКА ДОЛГОРОЧНАТА СТРАТЕГИЈА ДАВА РЕЗУЛТАТИ

0
191
Добра бизнис идеја, максимална посветеност во работата, пресметан план за развој во соработка со долгорочен и сигурен партнер, се едни од препознатливите рецепти за сигурен раст и развој на бизнисот.

Ова е еден од моделите на кој се потпира повеќегодишно наградуваната семејна краварска фарма „Милко ХФ“ од Прилеп, производител на повеќе од 1 милион и 200 илјади литри млеко, рекордно во земјава. Од само 56 грла крави во 1997 година, стигнува до сегашен фонд од 400 грла крупен добиток, од кои 150 се молзни грла.
Постојаниот раст на фармата изминатите 22 години прерасна во семеен бизнис кој ќе продолжи со инвестиции во нов современ објект со што ќе се зголеми добиточниот фонд и производството на домашно македонско млеко.

Исплатата на субвенциите за млекото и иницијативите за регулирање на увозот на млеко и млечни преработки, кои го преплавуваат домашниот пазар и негово стабилизирање за осигурување на домашното производство, поголеми површини за сопствено производство на храна за добиточниот фонд, како и заложбите за одредени урбанистички и комунални зафати, ќе го забрзаат нивниот раст, констатиравме при денешната посета на „Милко ХФ“.

Политиките на Владата даваат резултати во пракса, бидејќи фармата на семејството Небрежанец е доказ дека секоја добро осмислена економска мерка, комбинирана со добра и долгорочна индивидуална стратегија, дава резултати.

Ги повикувам и охрабрувам домашните стопанственици да продолжат да инвестираат, а Владата и ние како Општина Прилеп ќе останеме посветени кон побрз локален економски развој.

Ваквиот отворен инклузивен пристап резултира со најголема доверба кај граѓаните, #СДСМ е убедлив фаворит, победник на претстојните локални избори.
Фејсбук статус на кандидатот за градоначалник на СДСМ од Прилеп, Горан Сугарески.