ГОРАН ПАНДЕВ ЖЕСТОКО РЕАГИРА НА НАЈАВИТЕ НА ОСМАНИ ДЕКА МАКЕДОНСКИТЕ ФУДБАЛСКИ РЕПРЕЗЕНТАТИВЦИ ЌЕ ДОБИЕЛЕ ПАСОШИ : ТИ СИ СМЕШЕН И ЖАЛЕН, ПУШТИ ГИ ХЕРОИТЕ ДА УЖИВААТ, ЗА НИВ ТРЕБА СПОМЕНИК А НЕ ПАСОШИ

0
1485

Низа реакции во јавноста по вчерашната информација дека дипломатски пасоши од Министерството за надворешни работи ќе добијат двајца фудбалски репрезентативци Александар Трајковски и Енис Барди, како и селекторот Боби Милевски. Денес со свој став се огласи и eден од најдобрите македонски фудбалери Горан Пандев.

„Смешен си господине и жален. Гледај си политика и пушти ги хероите да уживаат. За нив треба споменици, а не пасоши“, напиша Пандев на инстаграм.

Македонската фудбалска репрезентација во четвртокот оствари победа над Италија во Палермо, со што обезбеди место во финалето од баражот за пласман на Светското првенство 2022.