Голем граѓански марш на 11-ти октомври!

0
1108

Повеќе невладини и граѓански организации се вклучени во организацијата на големиот протестен марш што треба да се одржи на 11 октомври, објави порталот Актуелно.

Дел од граѓанскиот сектор за порталот ја потврдиле веста и рекле дека голем е интересот на граѓаните и активисти за општонароден протест, на кој уште еднаш ќе и се каже „не“ на оваа влада.

Протестниот марш ќе биде поддржан и од СДСМ, кои и претходните вакви протести, големиот митинг на 17  мај минатата година, како и протестите на Шарената револуиција.

Деновиве од организаторите ќе бидат објавени деталите за протестниот марш што ќе се одржи на 11 октомври.