Thursday, February 13, 2025
4.8 C
Skopje

ГОЛЕМО ПОСКАПУВAЊЕ НА ЛЕБОТ, СПОРЕД ЕВРОСТАТ МАКЕДОНИЈА Е ВИСОКО РАНГИРАНА НА ТРЕТОТО МЕСТО ВО ЕВРОПА!

Тоа е третото најголемо поскапување на лебот во Европа во изминатите пет години. Евростат објави дека лебот во Македонија поскапил за 65 отсто.

Најголемото поскапување е евидентирано во Унгарија од 113 отсто, а на втората позиција е Полска со пораст од 75 отсто.

Големо поскапување на лебот има и во Словачка од 62 отсто и во Хрватска од 58 отсто, а во нашето окружување, цената на лебот во Бугарија станала повисока за 54 отсто, а во Србија за 39 отсто.

Лебот најмалку поскапел во Швајцарија – 8 отсто, во Финска – 17 отсто, во Франција – 20 отсто  и  во Шведска – 20 отсто.

Македонските граѓани вчера ги бојкотираа маркетите поради високите цени на намирниците, а истото го направија и во Хрватска и во Црна Гора.

ОВАА НЕДЕЛА

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ