Tuesday, January 21, 2025
3.8 C
Skopje

ГОЛЕМИ ПРОТЕСТИ ВО СРБИЈА ПОД МОТОТО “ЗАСТАНИ СРБИЈО“ ОРГАНИЗИРАНО ПОРАДИ НЕСРЕЌАТА ВО НОВИ САД

Акцијата поминала во голема мера мирно и достоинствено, иако на поединечни локации (Нови Сад, Белград, Зајечар) дошло до расправии и помали инциденти, како и еден поголем инцидент. -Во Белград, Нови Сад, Ниш, Крагуевац и во други градови во Србија денес се застануваше на 15 минути во протестна акција за оддавање почит на 15-те загинати во трагедијата на железничката станица во Нови Сад која се случи на први ноември годинава. Почит им оддадоа и студентите во сите четири универзитетски центри во земјата, пренесува српскиот дневен весник Данас.

Акцијата поминала во голема мера мирно и достоинствено, иако на поединечни локации (Нови Сад, Белград, Зајечар) дошло до расправии и помали инциденти, а се случил и еден поголем инцидент. Ансамблот на Белградската филхармонија се приклучил на акцијата „Застани Србијо“ со протест во близина на Студентскиот плоштад и улицата Узун Мирко. Во тој момент, едно возило поминало низ раскрсницата и повредило двајца членови на оркестарот.

Граѓаните во голем број се одѕвале на повикот на опозицијата и активистите да се застане во 11:52 ч., да се прекинат сите активности, без разлика дали се наоѓаат во автомобилите, дали се пешаци на улиците или на своите работни места, во училиштата и факултетите.Во Бановина во Нови Сад, пратениците на опозицијата извадиле голем транспарент на кој што пишува „Рацете ви се крвави“. Околу 200 граѓани блокираа раскрсница во центарот на Ниш, кај зградата на Основниот и Вишиот суд. Протестот беше одржан и пред зградата на РТС во Белград. Припадник на полицијата побарал да не дојде до нарушување на јавниот ред и мир кога дошло до краток конфликт со личност која имала истетовирано ружа на вратот.

ОВАА НЕДЕЛА

ТРАМП ГИ ПОМИЛУВА 1600-ТЕ НАПАЃАЧИ НА КОНГРЕСОТ

Новиот американски претседател Доналд Трамп го потпиша првиот сет...

МИЦКОСКИ ВО ВАШИНГТОН Н СРЕДБА СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА „МАКЕДОНИЈА 2025“

Премиерот Христијан Мицкоски, кој е во посета на САД,...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ