ГЛУМЕЊЕ НА ЛУДИЛО: Груевски ќе ја предводел листата во 1.ИЕ за изборите кои може и да не се одржат

0
621

Никола Груевски ќе ја предводи кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ на изборите закажани за 5 јуни, објави провладиниот портал Press24 повикувајќи се на високи партиски извори.

Актуелниот министер за надворешни работи Никола Попоски ќе ја преводи листата на владејачката партија во втората изборна единица.

Во тројката кандидатите за пратеници ќе ги предводи координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во последниот пратенички состав, Илија Димовски.

Во четвртата изборна единица, листата ќе ја предводи актуелниот министер за здравство, Никола Тодоров.

Листата во петтата изборна единица ќе ја води пратеникот Антонио Милошоски. Во шестата изборна единица, пратеничката листа ќе ја води пратеникот Влатко Ѓорчев, пишува порталот

Како што најавува Press24, пратеничките листи ВМРО-ДПМНЕ ќе ги достави до ДИК вечерва пред полноќ.

Останатите три големи партии, потписнички на Договорот од Пржино – СДСМ, ДУИ и ДПА, најавија дека нема да поднесат листи, односно нема да излезат на избори на 5 јуни.

Дека поднесувањето на пратенички листи не значи и одржување на избори на 5 јуни, претходно објави истиот портал, со што ги збуни членовите на ВМРО-ДПМНЕ кои не знаат дали да слават или не тоа што нивната партија ќе поднесе кандидатски листи. Повеќе за ова на следниот линк.

Инаку, досега единствено партијата на Јанко Бачев, НДМ, има поднесено кандидатски листи.