ГЛЕЈТЕ НАРОДЕ ШТО КОЧЕЛЕ ДОСЕГА ЛЕВИЦА И ВМРО-ДПМНЕ И КАКО СЕ ПОСРАМОТИЈА ПРЕД НАРОДОТ : СО БОЈКОТ НА ГЛАСАЊЕТО ОКОЛУ ШЕСТИОТ ПАКЕТ ЕКОНОМСКИ МЕРКИ ДИРЕКТНО БОЈКОТИРАЛЕ И СПРЕЧУВАЛЕ 17.8 МИЛИОНИ ЕВРА, ПОМОШ ПРОТИВ КРИЗАТА ЗА СКОРО 100 КОМПАНИИ ЗА ОКОЛУ 60.000 ВРАБОТЕНИ!

0
221

Шестиот пакет економски мерки 🗃 опфаќа 7 мерки со кои се таргетирани најпогодените сектори од ковид-кризата, во вредност од 17,8 милиони евра, со кои ќе се поддржат 10.000 компании, кои вработуваат околу 60.000 граѓани.
Со мерките предвидени се:
1⃣ Финансиска поддршка од 9,9 милиони евра за 6.000 угостители со околу 17.000 вработени;
2⃣ Со 2,5 милиони евра ќе се поддржат категоризирани – ресторани за свадби, „евент“ индустријата, игротеки, ноќни клубови, приватни детски одморалишта, фитнес центри, фотографи и фотографски студија;
3⃣ Категоризираните туристички агенции ќе бидат поддржани со 1,4 милиони евра;
4⃣ Финансиска поддршка од 30.750 денари ќе добијат и сите музичари и туристички водичи;
5⃣ Околу 2 милиони евра се наменети за поддршка за ликвидноста на компаниите;
6⃣ Со 1 милион евра ќе се поддржат медиумите кои емитуваат радио и телевизиска програма;
7⃣ Бесплатни 50.000 ПЦР тестови за странските туристи кои престојувале во државата.
Од самиот почеток на кризата, Владата носи сеопфатни мерки во консултација со сите засегнати страни, како и со меѓународните финансиски институции, сѐ со цел задржување на ликвидноста на компаниите и на работните места за граѓаните. 👥🇲🇰

Фејсбук статус на премиерот Зоран Заев.