ГЛЕЈТЕ НАРОДЕ ЗА КАКОВ РЕЖИМСКИ ПОДЛИЗУРКО, АПАШ, ПРДЕЖ, МАФИЈАШ И ХОШТАПЛЕР СЕ РАБОТИ : Екс лидерот на ССМ, Живко Митревски СО НАРОДНИ ПАРИ СИ НАБАВИЛ две коли и двајца возачи, плата, надоместоци за кирија, струја, чистачка, животно осигурување И ШТО ЛИ УШТЕ НЕ!!!

0
3973

Живко Митревски, поранешниот претседател на Сојузот на синдикатите (ССМ), во изминатиот период се богател на сметката на работниците, а сега ќе се соочи со кривични пријави за злоупотреба на службената положба и фалсификување документи, соопшти в.д. претседателот на ССМ, Дарко Димовски на денешната прес-конференција.

Димовски пред медиумите изнесе информации, добиени по првиот увид во документите во ССМ, кои говорат за сите привилегии што ги имал поранешниот синдикален претседател.

Според него, Митревски покрај платата од 50.000 денари, добивал месечен надомест од 12.000 денари за одвоен живот, како и по 3.000 денари месечно за водење на седниците кои, инаку му се дел од работните задачи. Освен тоа, Митревски бил член на Управниот  одбор на Фондот за пензиско осигурување од каде добива 10.000 денари и член на Управниот одбор на ЈП „Македонски шуми“, каде што добивал 31.000 денари.

„Митревски користел и два автомобила и имал двајца возачи кои биле распределени во Битола и во Скопје и му биле на располагање 24 часа дневно. Но, тоа не е се. Анализата на документите што следи ќе покаже всушност како Митревски се расфрлал со парите на работниците – рече Димовски.

Според документите, Митревски на 25.6. 2015 година изготвил одлука за животно осигурување, а потоа и одлука за потпишување менаџерски договор со ССМ во која исто така има низа привилегии. Па така, со одлуката се утврдува на пример дека ССМ треба да му исплати надомест за станот во Скопје во кој престојувал со сите пропратни трошоци, потрошена струја, вода, парно греење, чистачка, а тоа чинело од 250 до 300 евра месечно. Со менаџерскиот договор, пак, се предвидувало на Митревски да му се покриваат трошоците за усовршување.

Одлуката за менаџерскиот договор ја изготвил самиот Митревски, а ја потпишал секретарот на ССМ, Анѓелко Анѓелковски, кој, како што најави Димовски, исто како и Митревски ќе добие кривична пријава.

Новото раководство на ССМ против Митревски најавува серија на кривични пријави, дел за фалсификување на документи, а дел за злоупотреба на службена положба. Во меѓувреме, Митревски формирал нова синдикална организација наречена „Столб“, а со тоа, како што велат од ССМ, сакал да направи раздор кај синдикалците.

„Живко Митревски треба да престане да ја манипулира јавноста. Ние не сме подружница на никоја власт, ние сме синдикалци со чиста крв“, изјави в.д. претседателот Дарко Димовски.

На прашањето, каде ќе биде распореден сега Митревски, Димовски одговори „во Бирото за вработување како невработено лице“.