По пријава за прекршоци во конзулатот, извршен е увид со кој е констатирана повреда од страна на вработената хигиеничарка, како и во однос на кол центарот кој закажувал за бугарско државјанство.
„Шефот на Генералниот конзулат во Битола и ја прекинал дејноста на Весна Котевска, освен хигиеничарската. По увид на Инспекторатот, вработената повеќе нема пристап до архивата и дејноста на конзуларната служба на претставништво“.Ова не е единствената повреда констатирана при увидот.Главчев пријавил за телефонски центар што го одржувала македонска компанија која обезбедувала услуги за закажување во конзулатот во Битола и во бугарската амбасада во Скопје:
„На овој начин, правно лице со нејасна сопственост доби можност да ги дознае, систематизира и архивира личните податоци на десетици илјади лица кои низ годините аплицирале за бугарско државјанство и секаков друг вид на конзуларни услуги. Телефонскиот број на кол центарот е импулсен, а цената на повиците не е објавена и има нејасна вредност за корисникот и за вработените во генералниот конзулат во Битола“.Договорот со компанијата е раскинат, увери бугарскиот премиер.