ГЛАВНИОТ ШТАБ И ПРЕДЛАГА НА ВЛАДАТА ОД СРЕДА ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС ДА ПОЧНУВА ОД 24 ЧАСОТ!

0
180

Главниот координативен кризен штаб го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести и врз основа на епидемиолошките текови и состојби во државата, намалување на бројот на хоспитализирани лица и бројот на заразени лица, за утрешната седница на Владата се препорачуваат следните мерки за усвојување:

  • Почнувајќи од 12 мај 2021 година, забраната и посебниот режим на движење на населението и возилата од јавен превоз да почнува од 24 до 05 часот.
  • Соодветно на ова, дозволено време за работа на угостителските објекти за работа со посетители/гости во отворениот дел од угостителскиот објект (само летни тераси, градини, а не во затворениот дел) е до 23.30 часот.
  • Сите настани и ивенти може да се одржуваат согласно наменските протоколи, со исполнетост до 30 проценти од капацитетот на затворениот простор.
  • Наменскиот протокол за згрижени деца во детските градинки да се измени, односно се дозволува зголемување на бројот на деца од 15 на 20 во една група.
  • Вежбалните, фитнес центрите и теретаните може да отпочнат со вршење на својата дејност во објектите.
  • Се дозволува користење на годишните одмори за здравствените работници.

Според информацијата од Влада, овие мерки ќе важат до 18 мај 2021 година.