Saturday, May 24, 2025
11.8 C
Skopje

ГЛАВНАТА УЛИЦА ВО ВОЛКОВО ДЕВЕТ МЕСЕЦИ СТОИ РАСКОПАНА – ЖИТЕЛИТЕ БАРААТ ДА СЕ АСФАЛТИРА

Жителите на скопската населба Волково јавно ја алармираат јавноста и надлежните институции за катастрофалната состојба на главната улица во населбата, која веќе подолг временски период претставува извор на секојдневни проблеми, материјални штети и небезбедност.

Иницијативата бара итно асфалтирање на улицата и директно ги повикува Општина Ѓорче Петров, Градот Скопје, Министерството за надворешни работи, пратениците во Собранието, како и советниците во Градот и Општината, веднаш да преземат конкретни мерки. Улицата беше раскопана пред повеќе од девет месеци, но сè уште не е асфалтирана – со што граѓаните со право прашуваат: зошто се брзаше со раскопување, доколку не беа обезбедени услови за нејзино целосно завршување?

„Не постојат добри партии. Постојат добри луѓе. А добрите луѓе мора конечно да престанат да чекаат. Зашто колку повеќе молчиме, толку повеќе се уништува секое парче земја,“ порачуваат жителите на Волково.

Поради неодговорноста на политичките чинители, Волково – некогаш една од најперспективните населби – денес се соочува со урбан хаос, запоставеност и животни услови кои стануваат сè потешки. Последиците ги чувствуваат не само жителите, туку и околните туристички места кои се погодени од несоодветната инфраструктура.

Доколку проблемот не се реши, иницијативата најавува радикални мерки: протести, граѓанска непослушност, како и покренување постапки за кривична одговорност против сите кои свесно го игнорираат овој проблем.

Извор : Скопско Ехо

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЦО ЗАПЛИВА ВО ДУНАВ ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија на која плива...

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

В СРЕДА ЌЕ СЕ ГЛАСА ЗА ПРЕДЛОГОТ СЛАВЕСКИ ДА БИДЕ НОВ ГУВЕРНЕР

Собранието за среда, 28 мај, ја закажа седницата на...

ТАРАВАРИ: ВРАТАТА ЗА ТИЕ ШТО ЗАМИНАА ЗАСЕКОГАШ Е ЗАТВОРЕНА, ТИЕ СЕКОГАШ БЕА САТЕЛИТИ

Лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, изјави дека...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ